Талески и Балинген може да тренираат, но немаат каде – салата им е претворена во болница!

Во федералната област Баден Вуртемберг, спортистите веќе добија дозвола за тренинзи во група.

Тимот каде што настапува Филип Талески, Балинген, е од оваа област, но ракометарите се уште не тренираат.

„Ние немаме сала сега, тоа е главната пречка. Таа е претворена во болница“, вели тренерот Јенс Бурке за handball-world.news.

Тренинзите во сите области во Германија ќе започнат многу наскоро, а Бундес лигата е планирано да биде продолжена на 16 мај, иако поголем дел од салите на клубовите, се уште не им се достапни.