Талески: Победи вардаровото срце!

Вардар триумфираше со седум гола разлика, 31-24, во првото дерби на македонскиот ракомет против Еурофарм Пелистер.

Најефикасни во победничката екипа со по седум гола беа Филип Талески и Дејан Манасков.

Левиот бек Талески даде своја анализа за остварената победа во денешниот дерби натпревар со битолскиот тим.

,,Ние атакувавме на што поголема разлика, тоа што го имавме зацртано во глава, го остваривме, доста имавме технички грешки во првото полувреме, во кое на почетокот не се одлепивме, сепак, бевме мирни во главата покрај тоа што се случи на трибини и терен, мислам дека сите бевме свесни што сакаме и тоа го остваривме. Оваа година е потешко за разлика од минатата, таму треба да одиме на победа и да победиме, не смееме да се опуштиме затоа што ако се браниш, лесно се прави пресврт. За денешниот дуел знаевме дека ќе биде тешко, знаевме дека и тие ќе бидат мотивирани, но на крај победи вардаровото срце”, изјави Талески.

Доколку двете екипи немаат киксови против другите екипи, по мечот во Битола ќе биде познат македонскиот шампион.

Вардар ја доби првата битка против Еурофарм Пелистер, ќе брани „плус седум“ во Битола