Суперлига во ручек време

Новите заострени мерки во Македонија поради ситуацијата со коронавирусот и најавениот полициски час од 20:00 часот, донесоа промени во дел од термините за натпреварите во ракометните конкуренции.

Утре и в четврток на програмата се уште три средби од 4. коло од суперлигашкиот плеј-оф, а ќе се игра во Охрид, Битола и Струга.

Иако беше предвидено да се игра од 17:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, дуелот меѓу Охрид и Металург ќе стартува од 15:00 часот во текот на утрешниот ден.

Во истиот термин во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, Еурофарм Пелистер ќе го пречека Пролет, додека в четврток од 14:00 часот, Струга ќе биде домаќин на Еурофарм Пелистер. Во првиот натпревар од ова коло, ракометарите на Вардар славеа на гостувањето кај Бутел Скопје со убедливи 26-34.

Со оглед на тоа што новите мерки ќе бидат активни во следните две недели, а дотогаш треба да се одиграат многу натпревари, за очекување е сите термини да бидат како овие погоре, со исклучок на дуелите во кои партиципираат две скопски екипи.