Суперлигашите активни до Нова Година, Металург го чека пекол – 7 средби за 11 дена!

Иако беше планирано да заврши до крајот на октомври, есенската полусезона од Суперлигата ќе трае (најмалку) до 27 декември. Првичниот план на РФМ, кој беше да се одиграат 14 кола во забрзан ритам до крајот на октомври не се реализираше.

Прашање е дали таквата одлука воопшто требаше да биде донесена, со оглед на тоа што полусезоната сега ќе заврши во ист термин како досега во претходните сезони. Ако ништо друго, да се играше едно коло неделно ќе имаше помалку одложени натпревари и хаос со термините.

Суперлигашите немаше да играат „три средби за три дена“ и тренерите ќе можеа да одработат поквалитетни тренинзи и подобро да го подготват тимот за секој ривал. Пролет играше пет натпревари во осум дена, сега Металург практично од карантин ќе излезе на терен, и ќе одигра дури седум средби за 11 дена – шестте заостанати средби од Суперлигата плус една од Лигата на Европа. Тимот од Автокоманда ќе има повеќе натпревари во месец декември отколку тренинзи, па ќе видиме како сето тоа ќе изгледа на теренот.

Во групата А останува да се одиграат уште шест средби, додека во групата Б ќе бидат на програмата уште 12 натпревари, по кои ќе бидат познати сите патници во плеј-оф и плеј-аут.

07.дек 19:30 КЛ7 Астраион Суперлига, 13 коло
09.дек 18:00 Струга Пролет Суперлига, 14 коло
09.дек 18:30 Астраион Охрид Суперлига, 14 коло
09.дек 19:00 Јуниор КВ Радовиш Суперлига, 14 коло
10.дек 20:00 Младост Бутел Скопје Суперлига, 9 коло
11.дек 18:30 Пролет Јуниор КВ Суперлига, 8 коло
13.дек 19:00 Јуниор КВ Струга Суперлига, 9 коло
13.дек 18:00 Бутел Скопје Тиквеш Суперлига, 10 коло
16.дек 19:00 Бутел Скопје Металург Суперлига, 7 коло
18.дек 00:00 Еурофарм Пел. 2 Металург Суперлига, 8 коло
20.дек 00:00 Работнички Металург Суперлига, 11 коло
22.дек 00:00 Прилеп Тиквеш Суперлига, 12 коло
22.дек 00:00 Еурофарм Пел. 2 Бутел Скопје Суперлига, 12 коло
23.дек 00:00 Металург Младост Суперлига, 12 коло
25.дек 00:00 Тиквеш Металург Суперлига, 13 коло
25.дек 00:00 Бутел Скопје Прилеп Суперлига, 13 коло
25.дек 00:00 Младост Работнички Суперлига, 13 коло
27.дек 00:00 Металург Бутел Скопје Суперлига, 14 коло
27.дек 00:00 Работнички Тиквеш Суперлига, 14 коло
27.дек 00:00 Прилеп Еурофарм Пел. 2 Суперлига, 14 коло