Стружанки во последниот напад за три бода против Деспина

Екипите на Стружанка и Деспина одиграа интересен натпревар во последното коло до Супер женската лига, а стружанки со голот на Ивана Затуроска дојдоа до триумф од 22:21.

Во текот на целата средба владееше неизвесност и имаше надигрување. И двете екипи имаа свои моменти во кои се бараше гол повеќе, но немаше предност после која ќе може да се игра мирно односно да се има поголема предност за мирна завршница.

Гостинките го имаа водството во првите 30 минути, но не успеаја да се одвојат доволно. На моменти имаа плус два, но на одмор заминаа со 9:8.

Вториот дел од натпреварот мина во поинаква игра. Домашните успеаја да дојдат до водство и постојано да имаат предност од гол или два. Сепак, во завршницата ракометарките на Деспина израмнија и се влезе во игра гол за гол од која Стружанка имаше корист бидејќи дојде до победа од 22:21 за победнички финиш на сезоната.

СТРУЖАНКА – ДЕСПИНА            22:21 (8:9)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Ѓерѓеска, Јовичинац 2, Голабоска 1, Калајџиевска, Дукоска 3, Переска 3, Б. Затуроска, Балоска 3, И. Затуроска 6, Ѓоршулеска, Далипоска, Петреска, Делиоска 4

Седмерци: 7/11, Исклучувања: 10 мин.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристевска, Ева Рипилоска 3, Цветкоска 4, Богојеска, Боризоска, Седлоска 2, Елена Рипилоска 2, Конеска 5, Спиркоска, Гулеска 2, Цаневска, Димитрова 3, Еленин, Чурлиноска, Петреска.

Седмерци: 3/7, Исклучувања: 10 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167