Стружанка со три од три, Деспина, Делчево и Гевгелија најавија возбудлива пролет кај кадетките

Иако се одиграа само една четвртина од планираните натпревари за оваа сезона 2022/23, заврши есенскиот дел и во женската Кадетска лига.

Во групата А, екипата на Скопје е без пораз – со три победи и едно реми, па практично го обезбеди местото во четвртфиналето.

Во групата Б е најинтересно, а таму Деспина, Делчево Вардар и Гевгелија имаат ист биланс и ќе биде вобудлива борбата за ТОП 8, додека во групата В, Стружанка е лидер со максимум три победи на три меча.

Во четвртфинале ќе се пласираат првите три екипи од група А, првите две екипи од група Б и В, и подобрата екипа од бараж натпреварот помеѓу трето пласираните екипи од група Б и В.