Стружанка се израдува на првата победа во новата сезона

Ракометарките на Стружанка конечно дојдоа до првата победа во новата сезона во Женската лига откако на свој терен беа подобри од Овче Поле СУ со 24:20.

Домашната екипа преку Ивана Затуроска го скрши мразот и го отвори натпреварот со 1:0. Со цврста одбрана, но и со голем број на технички грешки, двете екипи неколку минути не можеа да постигнат гол, а гостинската екипа од Свети Николе првиот гол го постигна по седум минути игра.

Малиот пад на концентрацијата на Стружанка беше причина екипата на Свети Николе СУ првпат да поведе на натпреварот со 3:2. Сепак, до крајот на првиот дел, Стружанка имаше контрола на резултатот. Со серија од 3:0, домаќинките се одлепија на 10:7 и на полувреме заминаа со три гола предност, 11:8.

Ракометарките од Свети Николе без гол беа цели десет минути во вториот дел. Тоа им овозможи на ракометарките на Стружанка серија од 4:0 и обезбедување на солидно водство од 17:10. Позитивниот резултат кој беше во корист за составот на Стружанка остана непроменет до самиот крај.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Стружанка, Ивана Затуроска со десет гола. Во поразената екипа се истакна Елена Вучевска со пет гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ12120036
2СТРУЖАНКА1270521
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1270521
4АСТИБО123099
5ДЕСПИНА123099