Стружани стартуваа победнички, славеа против Прилеп на пријателски дуел

Ракометарите на Струга со победа ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Стружани на гостувањето во Прилеп против истоимената екипа триумфираа со 12 гола разлика, 35:23, во пријателски натпревар.

Двете екипи откако не обезбедија пласман во плеј-оф фазата, во продолжението од оваа сезона ќе се борат за опстанок.

Денес пријателски натпревар одиграа и екипите на Пролет и Голден Арт.

Победникот во дуелот беше екипата на Пролет, која против повратникот во Супер лигата слевеше со четири гола разлика, 35:31.