Струга најде лево крило – потпиша повратник од Германија

По ангажманот на голманот Мартин Јовановски, тимот на Струга се засили со уште еден повратник од странство.

Станува збор за левото крило Игор Илиевски, кој минатите три сезони ги мина во германскиот нисколигаш Аполда.

Битолчанецот е искусен 35-годишен ракометар кој потекнува од Пелистер, а потоа играше и за Пролет, Металург и Еурофарм Работник.

Илиевски ова лето имаше понуда од неколку македонски суперлигаши, но се одлучи да потпише за стружани, кои сега имаат солиден ростер.