Стојановиќ е верен на Охрид – го продолжи договорот и за следната сезона

Тоа што Раде Стојановиќ го најави во интервјуто на 24Ракомет, денеска доби официјализација од страна на клубот.

Младиот стратег останува да го предводи досега непоразениот тим на Охрид и следната сезона.

„Ние како клуб презадоволни сме од работата, ангажманот и посветеноста на Стојановиќ. Продолжување на договорот значи темел на екипата за следната натпреварувачка година. На тренерот и на екипата им посакувам многу среќа и успех во плејофот“, изјави извршниот директор на Охрид, Игор Бежоски за „Оhridnews“.

Следната сезона ќе биде трета за Стојановиќ во Охрид, а оваа сезона по 12 победи во регуларниот дел, „гладијаторите“ ги очекува разигрувањето за титулата, кое стартува во петок со гостување кај Бутел Скопје.