Стојановиќ: Заслуживме бод против Еурофарм Пелистер

Тимот на Охрид беше блиску до сензација против Еурофарм Пелистер и до освојување најмалку бод, но на крајот сепак гостите заминаа со полн плен и победија со 27-25.

Тренерот на домашните, Раде Стојановиќ, вели дека немало да биде незаслужено ако Охрид освоеше бод на овој дуел.

„Со играта со залагањето, со борбеноста до 60 та минута, реално ќе беше да освоиме бод. Задоволен сум од моите играчи, иако загубивме ги заслужуваат сите честитки. Покажавме, како со Вардар така и на овој дуел со Еурофарм Пелистер дека сме квалитетна и хомогена екипа, каде не се издвојува поединец, туку тимскиот дух на цела екипа. Бевме на еден напад или една топка до така да речам „сензацијата“, иако ние сме екипа со многу помал буџет, помал ростер на играчи, а мечот беше неизвесен до самиот крај. Имаше период каде водевме 3, период каде губевме 3 разлика, но покажавме карактер и квалитет, па Еурофарм Пелистер мораше до последна минута да се бори за трите бода. Задоволен сум во кој правец се движиме, ќе работиме уште по напорно, првенството е на сам почеток, за нас сега доаѓаат натпревари кои ке одлучуваат за борба за плеј-оф и се надевам дека првичната цела ке ја исполниме. Благодарност до охридската публика, посебно до навивачката група Рибари, нивната подршка ни е од огромна помош оваа сезона“, изјави Стојановиќ.

Следен предизвик за Охрид ќе биде натпреварот со Бутел Скопје на гостински терен.