Стоилов спортист на 2019 година, и РФМ и сениорките меѓу најдобрите

Капитенот на екипата на Вардар и пивот на репрезентацијата на Македонија, Стојанче Стоилов е прогласен за спортист на годината во изборот на Агенцијата за млади и спорт.

Тој го доби ова признание во силна конкуренција бидејќи заедно со него во конкуренција беа тројца борачи кои имаат освоено медали на големите натпреварувања, како и најдобриот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев. Сепак, круната освоена во Келн на Ф4 во Лигата на шампионите.

Награда имаше и за женската сениорска репрезентација на Македонија, која ја доби наградата за најдобар женски национален тим.

За Ракометната федерација на Македонија веќе е вообичаено да се биде на тронот во изборот за најдобра федерација така што Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов уште еднаш можеше да добие признание за добрата работа.

„Ова е мотив за сите ракометни работници. Заслужена од сите ко работат во ракометот почнувајќи од најмалите дечиња, па дос тие. Голема благодарност. Да се трудиме да ги мотивираме децата и другите да се занимаваат со спорт. Тоа е вистинскиот пат за да изградиме добра и здрава нација. Во 2020 година македонскиот спорт квалитетативно да оди напред во сите сегменти“, изјави Мукаетов при добивањето на наградата.

Меѓу номинираните беше и машката ракометна репрезентација, но таа остана зад одбојкарската селекција за која 2019 година беше историска бидејќи успеа првпат да обезбеди пласман на Европско првенство.