Стипе Мандалиниќ во топ 10 стрелци во Лигата на Европа

Еурофарм Пелистер ја оствари својата цел и со вчерашната победа против АЕК обезбеди место во осминафиналето од Лигата на Европа. Тимот предводен од Жељко Бабиќ групата ја заврши како второпласиран зад француски Ним.

Еден од најважните играчи на Бабиќ е Стипе Мандалиниќ. Мандалиниќ е најдобриот стрелец на битолскиот состав со 56 гола. Со овој учиној Мандалиниќ обезбеди и место во топ 10 стрелци.

Прв стрелец по завршувањето на групната фаза Мохамад Санад од Ним, зад него следи Елисон од Лемго, Хрватот Јагањац, Агустин Касадо, Самуел Захенед, Елиас Елефсен, Емил Мадсен, Оле Рахмел и Џери Толбринг кој има исто голови како и Мандалиниќ.