Стефан Додиќ доби нов повик, овој пат за кадетската селекција

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Србија, Ѓорѓе Теодоровиќ го објави списокот на повикани ракометари за подготовките кои треба да се одржат во Стара Пазова.

Меѓу повиканите 19 ракометари се најде и членот на Металург, Стефан Додиќ. Ракометарот од редовите на Металург заедно со Ѓорѓе Ратковиќ (Леотар, Бих) и Милош Кос (Извиѓач, БиХ) се единствените интернационалци во репрезентативниот кадетски состав на Србија. Останатите ракометари доаѓаат од домашните клубови.

Се очекува Додиќ со стекнатото искуство од Металург, но и со солидните настапи од сениорските натпревари за Србија да им го пренесе искуството на неговите колеги.

Собирот на кадетската репрезентација на Србија е закажан во Белград, а од престолнината на Србија, Ѓорѓе Теодоровиќ и неговите избраници од 13 до 17 јуни ќе ги имаат подготовките во Стара Пазова.