Србија со седум интернационалки против Македонија на Медитеранските игри

Селекторот на женската репрезентација на Србија, Урош Брегар, денеска го соопшти списокот на ракометарки за Медитеранските игри, кои ќе се играат од 25 јуни во алжирскиот град Оран.

Србија на Медитеранските игри се наоѓа во групата Б, заедно со Македонија, Португалија и Турција.

На списокот доминираат ракометарките од домашниот шампионат, поточно од клубовите Железничар Инџија, Јагодина, Бекамент, Црвена Звезда, Раднички Крагуевац, Медицинар, Срем……. Списокот е надополнет со седум интернационалки, а најзвучното име меѓу нив е стандардната репрезентативка на Србија, Јелена Агбаба, која настапува за унгарски Будаорш.

ГОЛМАНИ: Јелена Ѓурашиновиќ (Јарослав, Полска), Марија Симиќ (Бекамент), Јована Васиљковиќ (Железничар Инџија).

ЛЕВИ КРИЛА: Исидора Богуновиќ (Црвена звезда), Наташа Ќетковиќ (Срем), Тамара Воштиќ (Крка, Словенија).

ДЕСНИ КРИЛА: Срна Сукур (Јагодина), Дуња Радевиќ (Металац).

БЕКОВИ: Јована Јововиќ (Будаорш Унгарија), Дуња Табак (Железничар Инџија), Александра Вукајловиќ (Ерд, Унгарија), Теодора Мајкиќ (Јагодина), Уна Обреновиќ (Медицинар), Марија Јовановиќ (ИБВ, Исланд), Лана Мијаиловиќ (Војводина), Хелена Инѓиќ (Раднички), Ана Томковиќ (Медицинар).

ПИВОТМЕНИ: Јелена Агбаба (Будаорш, Унгарија), Катарина Бојчиќ (Јагодина), Едита Нуковиќ (Унион Хејл, Германија).

Собирот на репрезентацијата на Србија и почетокот на подготовките за Медитеранските игри е закажан за 13 јуни.