Србија со многу нови имиња на двобој против Македонија

Репрезентацијата на Македонија на 19 и 20 јуни ќе се соочат со селекцијта на Србија, а селекторот на противникот веќе соопшти на кои играчи ќе смета за овие два натпревари.

Тони Херона одлучи да повика дел од проверените ракометари, но ќе има и неколку нови играчи кои ќе треба да се докажат и да си обезбедат место за понатаму во националниот тим.

Ќе биде доста интересно така што ова ќе бидат две контроли на кои сигурно ќе има што да се види од двете селекции.

Меѓу повиканите е и идниот ракометар на Вардар, Дарко Ѓукиќ, а има и повеќемина ракометари кои настапуваат во домашното првенство во Србија.

СОСТАВ НА СРБИЈА

ГОЛМАНИ: Владимир Цупара (Веспрем, Унгарија), Андреј Трнавац (Партизан), Милан Бомаштар (Металопластика).

ЛЕВИ КРИЛА: Немања Илиќ (Тулуз, Франција), Младен Шотиќ (Војводина), Вања Илиќ (Шартр, Франција).

ДЕСНИ КРИЛА: Богдан Радивојевиќ (Пик Сегед, Унгарија), Дарко Ѓукиќ (Спортинг, Португалија).

ПИВОТИ: Драган Пешмалбек (Нант, Франција), Иван Поповиќ (Чурго, Унгарија), Илија Богдановиќ (Раднички).

БЕКОВИ: Петар Ѓорѓиќ (Бенфика, Португалија), Урош Борзаш (Тулуз, Франција), Стефан Петриќ (Партизан), Миљан Вуковљак (Војводина), Стеван Сретеновиќ (Бакау, Романија), Лазар Кукиќ (Бенфика, Португалија), Марко Милосављевиќ (Железничар), Михајло Радојковиќ (Тримо Требње, Словенија), Јовица Николиќ (Војводина).

Македонија ќе игра две пријателски средби со Србија