Македонија ќе игра две пријателски средби со Србија

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра две пријателски средби во рамките на ЕХФ неделата во јуни.

Избраниците на Кире Лазаров ќе „тестираат“ против репрезентацијата на Србија во Ниш на 19 и 20 мај.

ЕХф неделата ќе биде од 14 до 20 јуни, а во тој термин дел од послабо рангираните селекции ќе играат претквалификации за ЕП 2024 година.

Српскиот селектор Тони Херона веќе го објави списокот, но на него нема ниеден ракометар од македонскиот шампионат.

Овие две средби македонскиот селектор Лазаров ќе ги искористи како дел од подготовките за ЕП 2022.