Србите во заблуда: Мислат дека Динамо и Јагодина можат во квалификации за ЛШ, а квалификации нема!

Српскиот клупски ракомет се чини го допре дното. Шампионот на северниот сосед последен пат играше во Лигата на шампионите во сезонатa 2015/2016, кога Војводина беше дел од елитното натпреварување.

За следната година во машка конкуренција, на рејтингот на ЕХФ, Србија се најде на делба на 29. место со Косово и има право да пријави еден клуб во Лигата на Европа и три клуба во најслабиот Челинџ Куп (од новата сезона ќе се вика ЕХФ Куп).

Но ниту српските клубови, а ниту српските новинари не се доволно информирани. Пред неколку дена, од лидерот на табелата Динамо Панчево, најавија дека сакаат да играат во квалификации за ЛШ, но очигледно не знаат дека за следната сезона нема квалификации и местата се доделуваат според рејтинг и плус се делат вајлд-карти, но за екипи од држави со рејтинг до 18.

Покрај овој гаф, пред неколку и реномираниот спортски весник „Спортски Журнал“, најави дека и женскиот тим Јагодина, ќе се обидел да влезе во женската Лига на шампиони. Очигледно и таму не знаат дека нема квалификации ниту во женската ЛШ, и дека важат истите критериуми како во машка конкуренција.

Кај жените, Србија котира на 20 место, но и таму ќе има можност за еден претставник во Лигата на Европа и три во ЕХФ Купот.