СП младинки: Ангола го изненади домаќинот и обезбеди пласман во четвртфинале

Денеска се комплетираше првото коло од главната фаза на Светското младинско првенство за ракометарки до 20 години.

Домаќинот на младинскиот Мундијал, Словенија, беше изненадена од селекцијата на Ангола, која обезбеди триумф од четири гола разлика, 25:21 (17:7).

Ангола со новите освоени бодови направи голем успех, обезбеди пласман во четвртфиналето. Чешка остана во игра за пласман меѓу 8-те најдобри репрезентации, откако славеше над Германија со 20:24 (14:14).

Ракометарките на Ангола во последното коло од третата група ќе се соочат со второпласираната Германија, додека Словенија ќе ги бара првите бодови во дуелот против Чешка.

Во останатите два натпревари, фаворитите ја оправдаа фаворитската улога и не дозволија да има никакво изненадување. Унгарија без проблеми ја совлада Швајцарија, 40:23 (20:11), со што обезбеди пласман во четвртфиналето, а Хрватска против Египет запиша сигурна победа од 24:17 (14:9).

Освен натпреварите од главната фаза, беа одиграни и неколку натпревари од Президент Купот.