СП Младинки: Американките дадоа само пет гола, сите фаворити според планот

Денес беше комплетирано второто коло од Светското првенство за ракометарки до 20 години, кое се одржува во Словенија. Вкупно беа одиграни осум натпревари.

Најубедлива победа оствари репрезентацијата на Унгарија која го декласираше САД со 5:46 (2:23). Со убедливата победа, ракометарките на Унгарија обезбедија пласман во главната фаза и ќе имаат шанса да се борат за осминафинале.

Ангола остана во игра за главната фаза, откако триумфираше против Чешка со 11 гола разлика, 25:36 (13:16). Репрезентацијата на Египет, која по големата борба ја доби битката против Полска, 25:27 (14:14), исто така ги задржа шансите за пласман меѓу 16 најдобри репрезентации на Мундијалот во Словенија.

Утре на програмата на младинскиот Мундијал ќе бидат одиграни 16 натпревари, односно ќе бидат одиграни сите натпревари во рамки од последното, 3. коло од првата фаза.