СП кадетки: Норвешка и Хрватска по 24 пенали ја решија драмата

Денес на Светското кадетско првенство, на кое нашата држава е домаќин се одиграа првите дуели од разигрувањето за пласман од 9 до 12, односно од 13 до 16 место.

Во неизвесен натпревар, во кој победникот беше одлучен на пенали, Норвешка ја совлада Хрватска со 40:39, а регуларниот дел од дуелот заврши нерешено, 30:30 (14:14). Доколку Македонија денес слави над Германија, тогаш за 9. позиција на Светското кадетско првенство ќе се бори против Норвешка.

Селекцијата на Романија потешко од очекуваното го совлада Иран, со резултат 38:30 (12:13). Репрезентацијата на Иран во последниот период од натпреварот немаше доволно сили да го издржи надигрувањето со поискусните ракометарки од Романија, кои не дозволија да се случи сензација на кадетскиот Мундијал. Романија со победата над Иран ќе игра за 13. позиција со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Бразил.

Во денешните термини од 18:15 и 20:30 часот ќе се одиграат четвртфиналните дуели. За пласман во полуфиналето во игра се репрезентациите на Данска, Франција, Исланд, Холандија, Јужна Кореја, Шведска, Унгарија и Египет.