„Спортистите треба да разберат ако нема натпревари – нема ниту плата!“

Ана Вјахирева, ракометарката која настапува во Ростов Дон и за репрезентацијата на Русија на десната бековска и десната крилна позиција во интервју за Спорт експрес говореше за економското влијание на коронавируст на клубовите.

„Можеби платите нема да бидат исти. Буџетите ќе бидат скратени. Паузата ќе влијае најлошо што е можно. Но, многу луѓе сакаат спорт, и јас не мислам дека нема да се случи нешто толку лошо за некои клубови да исчезнат. Иако ќе има многу проблеми, тоа е сигурно. Нашата плата е веќе намалена за 30 проценти“, рече Вјахирева.

И покрај намалувањето ракометарките се свесни за ситуацијата па нема некои жестоки реакции. Сепак ставот е дека играчите не треба да бидат оштетени.

„Мирно ја прифатив одлуката за намалување на платата. Знам што се случува во другите клубови. Мислам дека ова е нормално, ова е минимален износ што може да биде скратен. Некои фудбалери реагираа дека нема зошто да им бидат намалени платите, но мора да разберат дека нема натпревари, нема приходи и навистина е тешко за клубовите во овој момент. За да се преброди оваа криза мора да се жртвува нешто“, заврши Вјахирева.