„Спонзорот ме праша зошто на тренерите не им даваат ништо – па си добив автомобил“

Прославениот руски тренер Евгениј Трефилов кој ја предводеше женската репрезентација на Русија до златниот медал на Олимписките игри во 2016 година за успехот беше награден со бел мерцедес.

Трефилов се врати на тренерската работа во Кубан Краснодар после здравствените проблеми, а работи и во федерацијата на Русија како потпретседател. Тој во интревју за официјалниот сајт на руската федерација објасни како го доби мерцедесот.

„Добив бел мерцедес со седум седишта. Кога после Олимпијадата на ракометарките им беа доделени автомобили БМВ, еден од моите спонзори праша – Зошто не им даваат ништо на тренерите? Очигледно мислат дека играчите се подготвуваат сами. Тогаш беше одлучено да ме наградат и мене со автомобил. Благодарност до претседателот на руската федерација Сергеј Шишкарев и пртходниот шеф на федерацијата на краснодарсакта област, Андреј Долуд. Автомобилот не го возам само со семејството, тој мора да биде и од корист за тимот“, рече Трефилов.

Засега Трефилов работи на тренерската позиција во екипата на Краснодар, додека во федерацијата на Русија останува потпретседател.