Со финта го легна на земја противничкиот голман – седмерецот на Влах хит на првиот ден од СП (ВИДЕО)

Селекцијата на Словенија немаше никакви проблеми и прослави убедлива победа над Саудиска Арабија со 33-19.

Еден од најдобрите во составот на Урош Зорман, беше средниот бек на Целје Пивоварна Лашко, Алекс Влах.

Тој постигна четири погодоци во триумфот над селекцијата предводена од Јан Питлик, а еден од нив стана хит на интернет.

Влах најпрво со финта го измами голманот на Саудиска Арабија, кој падна, а потоа Словенецот лесно го погоди небранетиот гол.