Со скршена рака беше најдобар стрелец на натпреварот!

Во првото коло од данскиот плеј-оф за титулата, тимот на Скјерн одигра нерешено со Колдинг, 24-24.

Најдобар стрелец на мечот стана членот на Скјерн, Босанецот Сенјамин Буриќ, кој постигна осум погодоци.

Пред мечот кружниот напаѓач заработил скршеница на левата, нешутерска рака, но и покрај тоа реши да излезе на терен.

„Се помина во најдобар ред. Добро бев бандажиран и можев да играм без проблеми. Во нашиот тим има одличен медицински персонал. Можеби треба да ја скршам и другата рака, за да играм уште подобро“, низ шега им одговори Буриќ на данските новинари.

Сенјамин е брат на чуварот на мрежата на Фленсбург и босанската репрезентација, Бенјамин Буриќ.