СО ГОДИНИ ДЕЛ ОД ЕЛИТАТА: Македонија пред велесили како Германија, Шведска, Унгарија…

Со триумфот над Чешка со 27-25 во прекрасната атмосфера во Скопје, Македонија се пласираше на Светското првенство во Полска и Шведска.

Водени од традицијата, од прекрасната атмосфера, македонските момци одново ја израдуваа јавноста и најавија дека и јануари во 2023 година ќе мине во нивен знак.

Македонија со години е дел од елитата, а континуитетот трае од ЕП 2012, кое се чини беше пресвртница за репрезентативниот ракомет.

Нашата селекција се наоѓа во ТОП 5 европски селекции што немаат пропуштено ниту едно големо натпреварување од 2012 година па наваму. Покрај Македонија, тука се само уште Франција, Шпанија, Данска и Хрватска.

Сите останати, меѓу кои и великаните Норвешка, Шведска, Германија, Унгарија, Исланд…имаат пропуштено макар по еден голем настан.

СП 2023 ќе биде 15 голем настан за Македонија, или 12 во низа.