Словенците ги „запалија“ моторите во Зрече, тргна акцијата за ЕП (ФОТО)

Репрезентативците на Словенија ги стартуваа подготовките за Европското првенство на кое на 13 јануари во 1. коло се противници на Македонија.

Ова ќе биде првиот противник на Македонија и дефинитивно ќе биде интересно да се следи како ќе се одвиватат подготовките.

Љубомир Врањеш има одличен состав, а подготовките ги почна во Зрече, а веќе в среда ќе биде првта контрола кога во Целје ќе биде одигран натпревар против селекцијата на Хрватска.

Македонија и Словенија ќе играат на 13 јануари на отворањето на Групата А во Дебрецен. Тој дуел е закажан во 18 часот.