Словенија како Македонија – во корона време ќе ја проширува лигата!

Во Македонија следната сезона во најелитното друштво во машка конкуренција, ќе играат 16 екипи, од кои 14 во регуларниот дел.

На ист чекор се подготвува и Словенија, а тамошната федерација планира проширување на лигата во следните две сезони.

Наместо 12 ќе има 14 тимови, а нема да испаднат последните Марибор и Изола. Многу клубови реагираа на ваквата одлука на федерацијата и алудираат дека ваквата одлука е донесена за да се спаси Марибор од испаѓање.

Следната сезона во првенството би требало да играат Целје, Горење, Крка, Рибница, Тримо, Добова, Јерусалем Ормож, Копер, Словењ Градец, Шкофја Лока, Марибор, Изола, плус најдобрите од Прва лига – Гросист Слован и Љубљана.