Словачка забрани спортски настани, Татран Прешов виси за учество во СЕХА и ЛЕ?!

Од 1 октомври на територијата на Словачка не можат да се организираат масовни настани, а меѓу нив се сметаат и спортските настани што никако не оди во прилог на спортските клубови. Голем дел од нив веќе го кренаа гласот, а меѓу нив се приклучи и составот на Татран Прешов кој за неполни две недели треба да стартува со натпревари во СЕХА лигата.

Разочараноста кај клубовите е од оваа одлука бидејќи натпреварите се играат без присуство на публика и бараат менување на одлуката.

Дали ова ќе наиде на одговор кај Владата на Словачка засега нема информации, но дефинитивно сите клубови го креваат гласот бидејќи вака не можат да ги извршуваат своите обврски.

Ако Централниот кризен штаб на Словачка може да докаже дека спортистите се оние кои масовно дистрибуираат Ковид 19 и спортските настани каде што се наоѓаат само спортисти ја предизвикаа глобалната пандемија, тогаш можеме да ја водиме оваа дебата. Но, тоа се заснова на непоткрепени информации и повторно, сметаме дека таквата мерка е донесена само затоа што се чини едноставна и лесна за презентирање. Сепак, многу малку се размислуваше за тоа какво влијание ќе има врз целиот спортски сектор“, стои во дел од соопштението.

Доколку не се смени одлуката тогаш постои голем проблем за организација на натпреварите во СЕХА лигата која уште пред да почне се соочува со големи тешкотии.