Словаците со скртен состав, во Братислава ќе го чекаат стартот на ЕП

Репрезентацијата на Словачка ќе биде домаќин на три групи од првата фаза на Европското првенство и ќе има можност за битка за пласман во вториот круг, а подготовките ќе ги одработи во Братислава. Ќе биде навистина тешко со оглед на тоа што за противници ги има Норвешка, Русија и Литванија.

Селекторот Петер Кукучка го скрати составот и веќе ги има играчите на кои планира за првенство. Има солиден тим кој ќе треба да ги покаже своите квалитети на дело за време на првенството од 13 до 30 јануари.

„Како што најавив не се очекуваа поголеми промени во кадарот. Уште кога бев поставн за селектор реков дека сум заинтересиран за Оливер Рабек. Чекав да видам како ќе се движи неговата повред. Може да се каже ека секоја недела тој е сè подобро иако сè уште не е целосно оптимално, но по толку дола пауза можеше да се смета на тоа. Имаме уште неколку недели пред нас. Од него ќе зависи како ќе испадне сè. Го повикав и младиот Томаш Сметанка првпат во сениорскиот состав. Ми се допадна како играше за клубот и сакам да го видам и во репрезентацијата“, вели селекторот Кукучка.

Словаците имаа понуда за да играат на турнир во Романија, но селекторот одлучи да не патуваат. Неговата одлука беше да останат дома и на домашен терен да ги одработат подготовките до крај.

СОСТАВ НА СЛОВАЧКА

ГОЛМАНИ: Теодор Пол (Ним, Франција), Маријан Жернович (Ференцварош, Унгарија), Михал Мартин Конечни (Пуенте Хенил, Шпанија)

БЕКОВИ: Јакуп Прокоп, Томаш Сметанка (Нава, Шпанија), Мартин Потиск (Ајзенах, Германија), Марек Хникак (Бургенланд, Германија), Лукаш Урбан (Татабања, Унгарија), Љубомир Дуриш (Ѓенѓеш, Унгарија), Јакуб Микита (Ференцварош, Унгарија), Марек Корбел (Талент Плзен, Чешка), Томаш Речичар, Оливер Рабек (Татран Прешов), Патрик Хрушчак (Кошице).

КРИЛА: Томаш Урбан (Минден, Германија), Марек Ковачек (Леобен, Австрија), Мартин Бријатка (Повашка Бистрица), Лукаш Печи (Хлоховец).

ПИВОТИ: Доминик Калафут (Нордхорн, Германија), Мартин Сланинка (Сур Арау, Швајцарија), Шимон Мачач (Егер, Унгарија).