Славје на Ростов среде Москва, Ристовска и ЦСКА останаа без трофејот во Купот!

Откако тимовите на Ростов Дон и ЦСКА Москва славеа убедливи победи во полуфиналните натпревари од Купот на Русија, двете екипи одиграа интересно финале.

Во најголем дел од мечот се играше израмнето, а по 23-23 во 48. минута, клучната разлика на теренот ја направи Ана Вјахирева.

Руската репрезентативка беше нерешлива загатка за одбраната на ЦСКА Москва и му донесе трофеј на Ростов по победата со 29-26.

Вјахирева даде 14 погодоци за победничката екипа, а пет постигна Манагарова. Кај ЦСКА Москва, Михајличенко даде десет голови, додека Ристовска беше стрелец на еден погодок.

Ристовска и ЦСКА Москва ќе се борат за трофејот во Купот на Русија