Скопје ја заврши турнејата во Романија

Тимот на Скопје ја заврши турнејата во Романија, каде што одигра четири пријателски натпревари пред стартот на новата сезона.

На турнирот во Темишвар, Скопје во полуфиналето загуби од домаќинот Политехника со 28-21, додека во битката за третото место беше поразен од Потаиса Турда со 38-28.

Избраниците на Горан Кузманоски претходно во текот на неделата тестираа и против составот на Одорхеи. Загубија на два пати со 32-25 и со 31-19.

Ракометарите на Скопје по враќањето во Македонија во текот на утрешниот ден ќе г очекува настапот на турнирот „Миле Нешкоски“ од 26 до 28 август во Прилеп.