Скандинавците владеат со ракометот: Ландин и Офтедал најдобри во светот за 2019 година!

Светската ракометна федерација заедно со навивачите ги избра најдобрите ракометари за 2019 година.

Кај мажите, за најдобар беше прогласен голманот на Кил и данската репрезентација, Никлас Ландин во конкуренција на Сагосен, Циндриќ, Лауге и Хансен.

Кај дамите, за најдобра беше прогласена ракометарката на Ѓер и на норвешката репрезентација, Стине Офтедал, во конкуренција на Полман, Вестер, Абинг и Вјахирева.

За најдобри тренери се прогласени Емануел Мајонад кај дамите и Николај Јакобсен кај мажите.