Син на поранешен македонски репрезентативец доминира во Германија

Левиот бек на Мотор Запорожје, Игор Турченко, кој има 22 години и ѐ син на некогашниот македонски репрезентативец Сергеј Турченко, ја игра најдобрата сезона во својата кариера.

Како што е веќе познато, поради конфликтот во Украина, тимот на Мотор Запорожје игра во втората Бундес лига. Во второто по ранг натпреварување во Германија актуелен лидер на стрелците е токму Турченко.

Младиот Турченко на 21 натпревар во втората Бундес лига постигна 126 погодоци, односно според статистиката тој по натпревар во мрежата на противниците погодува по шест пати.

Турченко освен што е најдобар стрелец во втората Бундес лига, тој ги предводи стрелците и во Лига на Европа каде што на шест натпревари постигна 64 погодоци.

Македонската публика квалитетите на Турченко ќе може да ги види на 28 февруари кога Мотор Запорожје ќе му гостува на Еурофарм Пелистер во рамки од последното коло од Лига на Европа.

Игор е роден во Киев, но дел од своето детство го мина и во Македонија, односно во Богданци, каде десетина сезони до 2005 година играше неговиот татко Сергеј.