Сигурмансон се врати дома

Некогашното лево крило на репрезентацијата на Исланд, Стефан Сигурмансон се враќа во татковината и во следните три сезони ќе го носи дресот на Хаукар.

Сигурмансон имаше активен договор со унгарскиот ПИК Сегед, но договорот беше спогодбено раскинат откако ракометарот од Исланд долго време беше повреден.

Трансферот на Сигурмансон сигурно ќе го направи Хаукар еден од главните кандидати за освојување на титулата во Исланд.

Пред осум години, Сигурмансон го носеше дресот на Хаукар и потоа направи трансфер во Рајн Некар Левен, а играше и за данскиот Алборг. За селекцијата на Исланд има одиграно 72 официјални натпревари и постигнато 96 голови.