Се редат заминувања од Автокоманда – Андреј Митиќ оди во Скопје

Се редат заминувања од Металург, а последен во низата е кружниот напаѓач Андреј Митиќ, кој се сели во Скопје и ќе се обиде да му помогне на овој клуб во битката за суперлигашки опстанок.

Тој ќе биде дел од триото пивотмени со Филип Василевски и Благој Димчевски, кои настапуваат во тимот предводен од Андријана Будимир и Ања Алтхаус.

Митиќ потекнува од Металург, настапуваше за вториот тим, а минатата сезона доби голема минутажа и имаше одлични партии во Лигата на Европа и домашното првенство.

Претходно клубот го напушти Костадин Петров кој потпиша за Вардар до крајот на сезоната, а Милан Лазаревски се пресели во словенечкиот Тримо Требње. Голманот Давид Брестовац отиде во Германија, крилото Рибеиро се врати во Португалија, Абдула Мане замина во францускиот Безансон, Дарио Кофиловски во Алкалоид, а Златко Хорват се пресели во Унгарија, додека Бобан Каковски отиде во Радовиш.

Ќе потсетиме, за да му се тргне суспензијата на Металург потребно е да се подмират долговите. Ако тоа не се случи во наредните неколку дена Металург би можел да биде и исфрлен од Суперлигата.