Се раѓа ли нов гигант во Романија – Рапид Букурешт ја носи Изабел Гулден?!

Поранешната репрезентативка на Шведска и ракометарка на Брест Бретањ, Изабел Гулден, од наредната сезона би можела да биде најквалитетното засилување во новиот романски проект, Рапид Букурешт.

Екипата од Букурешт подготвува силен и конкурентен тим за наредната сезона во романскиот шампионат.

Некои романски медиуми во Рапид Букурешт веќе ги сместија и репрезентативките на Шпанија, Марта Лопез и Алисија Фернандез, кои пак по истекот на сезоната ќе го напуштат романскиот шампион, Валчеа.

Гулден три сезони настапуваше во Романија во дресот на ЧСМ Букурешт. Во 2016 година ја освои Лигата на шампионите со романскиот тим.

Кариерата ја започна во Савехоф, а на интернационално ниво има настапувано и за Виборг од Данска. Последното европско првенство во Данска беше последно за Гулден во националниот дрес.