Се разгореа страстите во Грција – најдобриот играч на Олимпијакос се пресели во АЕК Атина

Еден од најдобрите играчи на тимот на Олимпијакос, Патрик Лемос, од идната сезона ќе го носи дресот на најголемиот ривал.

Бразилскиот среден бек потпиша договор на две сезони со шампионот АЕК Атина, кој има големи амбиции, а овој трансфер предизвика лавина реакции кај навивачите.

Претходно АЕК се засили со уште двајца шпански интернационалци, а го донесе и голманот Томас Бауер од Порто.

Олимпијакос пак, на местото на Лемос, го ангажираше поранешниот ракометар на Пелистер и Охрид, Марко Кобетиќ.