Хансен го немаше на терен, но се појавија петмина како него на трибини во Алборг

Алборг се израдува на триумф во дербито на данскиот шампионат против ГОГ Гудме, откако славеше со 30-26.

Сепак натпреварот го одбележаа петмина навивачи, кои беа во дресови на Алборг и изгледаа како Микел Хансен.

Тие се погрижија да го надоместат отсуството на теренот на данската легенда и да му помогнат на својот тим да стигне до важна победа.

Феликс Клар и Арон Палмарсон дадоа по шест гола за Алборг, додека Симон Питлик за ГОГ Гудме постигна десет погодоци.

Алборг сега има 33 бодови на првото место, додека ГОГ Гудме останува на втората позиција со 31 бод.