Се повлече од репрезентацијата поради глупост на федерацијата

Голманот на машката сениорска репрезентација на Белгија, Џеф Летенс преку социјалните мрежи објави дека нема повеќе да го носи дресот на својата татковина.

Членот на Тулуз, кој со својата репрезентација настапи на Светското првенство оваа година, се повлекува од националниот дрес, откако тамошната федерација направи голем кикс во квалификацискиот натпревар со Грција

Белгија за пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија за ривали ги има селекциите на Холандија, Хрватска и Грција.

Токму реванш дуелот со Грција беше од голема важност за ракометарите на Белгија, бидејќи со победа ќе беа во игра за пласман на континенталниот собир следната година.

На квалификацискиот натпревар меѓу Белгија и Грција, на кој триумфираа ракометарите на нашиот јужен сосед со 26:24, пред стартот на дуелот се случи комична ситуација.

Ракометната федерација на Белгија за натпреварот го пријавила Бенџамен Данеси, кој не беше повикан во репрезентацијата, наместо неговиот помлад брат Себастијан.

По натпреварот се испостави дека вработените во ракометната куќа во Белгија при подготовката на официјалниот записник направиле грешка во пополнувањето и поради тоа на протоколот се појавил Бенџамин, а не еден од лидерите на тимот, 22-годишниот Себастијан.

Голманот Летенс и тогаш распали по челниците на федерацијата истакнувајќи дека тоа е голем срам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jef Lettens (@jeflettens_1)

Искусниот голман ќе остане фокусиран само на клупските настапи со неговиот актуелен клуб Тулуз.

Федерацијата со огромен кикс – пријавија погрешен играч во записниикот и останаа без шанси за ЕП!