Никола Карабатиќ нема намера да се повлече од репрезентацијата

Еден од најдобрите ракометари во светот, Никола Карабатиќ нема намера да се пензионира од репрезентативниот дрес на француската репрезентација.

Според „Л’Екип“, ракометарот на ПСЖ сакал да продолжи со својот настап во репрезентацијата на Франција и веста за неговото активно играње на репрезентативен план му ја соопштил на селекторот, Гијом Жил.

Никола Карабатиќ за француската репрезентација има одиграно вкупно 324 официјални натпревари и постигнато 1210 погодоци. Со неговата репрезентација има освоено златни медали на сите големи натпреварувања.

На Европското првенство во 2022 година кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка, Франција е меѓу главните фаворити за освојување на златниот медал.