Се за Македонија – како изгледа окото на Митревски по незгодниот удар во глава! (ФОТО)

Македонскиот голман, Никола Митревски во вчерашниот натпревар против Чешка доби незгоден удар во пределот на окото.

При еден напад на Чесите, Војтех Пацел го погоди Митревски, судијата реагираше и го прекина натпреварот, но чешкиот репрезентативец помина без санкција. Ден по натпреварот, Митревски на социјалните мрежи покажа како изгледа.

Дефинитивно ударот не бил пријатен, но сепак сигурно дека и самиот Митревски не жали за ништо затоа што Македонија ја оствари главната цел, а тоа е пласман на Светското првенство.