Се заплетка ситуација во групата на пелистерци – се отвори шанса и за трето место!

Следниот ривал на Еурофарм Пелистер во Лига на Европа, екипата на Агуаш Санташ во 7. коло направи големо изненадување во второто по ранг европско натпреварување и на свој терен триумфираше против Бидасоа Ирун, со резултат 28:25.

Португалскиот тим со победата против Бидасоа остана во игра за пласман во осминафиналето во Лига на Европа, а шпанскиот тим пропушти шанса да се промовира во осминафиналист. Агуаш Санташ со првиот триумф дојде до три бода и се израмни со Мотор, додека македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер на свое конто има пет бода, а Бидасоа има седум на третото место.

Сега се заплетка ситуацијата во групата Д, па покрај Фуксе Берлин и Архус кои се пласираа во осминафиналето, во игра за другите два осминафинални билети се сите други четири екипи.

Македонскиот претставник има шанси да стигне и до трето место во групата, но ќе мора да ги победи дома Агуаш Санташ и Мотор Запорожје, а да чека два порази на шпанска Бидасоа. Сепак, јасно е дека битолчани имаат се во свои раце во битката за четврто место, а ќе чекаат услуга и од други за да бидат трети во групата.

Како стојат работите во моментов во групата Ц, Нексе е прв со 12 бодови, по 10 имаат Гранољерс и Спортинг Лисабон, додека Скјерн е четврти со 6 бода.

Кој со кого до крајот: 

Бидасоа: Фуксе Берлин (д), Мотор Запорожје (г), Архус (д)
Еурофарм Пелистер: Агуаш Санташ (д), Фуксе Берлин (г), Мотор Запорожје (д)
Мотор Запорожје: Архус (г), Бидасоа (д), Еурофарм Пелистер (г)
Агуаш Санташ: Еурофарм Пелистер (г), Архус (г), Фуксе Берлин (д)