Се загрева атмосферата: ЕХФ со специјално видео го најави „балканското дерби“ (ВИДЕО)

Вечерва од 20:45 часот Вардар и Загреб играат важен натпревар во борбата за пласман во следната фаза.

Загреб во Скопје гостува во ситуација кога има само еден бод повеќе на табелата од тимот на Дејвис, па денешниот дуел е важен и за двете страни.

Важноста на натпреварот ја истакнуваат и од ЕХФ, па со специјално видео го најавија „балканското дерби“.

За Вардар вечерва ќе дебитира новиот ракометар Стефан Додиќ, во ростерот се враќа Борко Ристовски.

Стратегот Давид Дејвис не може да смета на услугите на повредените Мартин Карапалевски и Анте Гаџа.