СЕХА го исклучи Вардар од Ф4, Загреб доби подарок и оди во Задар

Извршниот одбор на СЕХА донесе одлука преседан и го елиминираше Вардар поради еден позитивен случај со Ковид 19 и му даде подарок на Загреб за да игра во Задар

Екипата на Вардар нема да игра на завршниот турнир во СЕХА лигата во Задар, а ова стана познато откако имаше еден позитивен случај на Ковид 19, па ракометарите тргнаа кон Скопје место кон Задар.

Сепак, неколку часа после тргнувањето од СЕХА пристигна и соопштение во кое се вели дека Загреб ќе биде тимот што ќе игра во полуфиналето.

„После дискусија Извршниот комитет ги провери документите и препораките и се согласи со голема одговорност и совест дека конкуренцијата и здравјето на сите учесници не можат да бидат загроени. Поради сето споменато Извршниот комитет донесе одлука Вардар да биде исклучен од Ф4 во СЕХА.

Поради тоа што Загреб играше против Вардар во четврт-финалето и поради фактот што беше најдоброрангиран тим во регуларниот дел од сезоната сезоната, Извршниот комитет исто така донесе одлука дека Загреб ќе добие покана да игра како замена“, стои во соопштението од СЕХА.

Ова значи дека Загреб ќе биде противникот на Мешков Брест во првото полуфинале, а зачудува одлуката бидејќи и играчите на Загреб биле во контакт со заразениот ракометар така што и кај нив постои опасност да имаат заразени ракометари.

Поради еден позитивен ракометар, Вардар нема да игра во Задар!