Сестрите Коцеви диригираа со македонскиот напад, Борјана беше прогласена за МВП!

Кадетската женска репрезентација на Македонија имаше победнички старт на Светското првенство на кое сме домаќини и славеше над селекцијата на Сенегал со убедливи 32-13.

По пет гола во македонскиот состав дадоа сестрите Коцеви, Борјана и Бојана. Борјана по завршувањето на натпреварот беше прогласена за најкорисна ракометарка, односно МВП.

Во нашата селекција покрај Бојана и Борјана, кои дадоа по пет гола, исто толку постигнаа и Дукоска и Ризоска.

Следен ривал на Македонија е Узбекистан на мечот што се игра утревечер од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Со победа, нашите ракометарки ќе го потврдат местото во главната рунда.

Победнички старт за Македонија, Сенегал не беше закана!

Савевски: Се чувствуваше напнатост во играта, но формата ќе оди само нагоре