Савевски: Се чувствуваше напнатост во играта, но формата ќе оди само нагоре

Македонија со доминантна игра оствари убедлива победа над Сенегал со 32-13 и веќе со триумф против Узбекистан може да го потврди пласманот во главната рунда.

Селекторот Љубомир Савевски им даде шанса на сите ракометарки од составот да бидат дел од првиот меч. Тој не е најзадоволен, бидејќи вели дека ракометарките имале трема и се чувствувало напнатост во играта.

„Првите натпревари на големите натпреварувања секогаш се тешки за играње со грч, се чувствуваше напнатост во нашата игра. Девојките се убедени дека можеме да се носиме и со многу поквалитетни ривал од Сенегал, но тремата си го направи своето за грешките. Малку и ротиравме, се надевам дека повредите ќе не одбегнат, формата ќе оди само нагоре и ќе собереме сили за пласман во вториот круг каде не чекаат поискусни ривали“, вели Савевски.

Следен ривал на Македонија ќе биде Узбекистан, утревечер од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Победнички старт за Македонија, Сенегал не беше закана!

Сестрите Коцеви диригираа со македонскиот напад, Борјана беше прогласена за МВП!