Сервас потврди – Келце потпишал договор со уште еден ракометар

Во последниот период тимот на Келце е посебно активен на трансфер пазарот, а претседателот на овој клуб Бертус Сервас потврди дека нивниот нов играч веќе потпишал договор.

Сервас откри дека ракометарот потпишал договор кој ќе стапи на сила од 2023 година, тоа би можело да се промени само ако се постигне договор со неговиот сегашен клуб.

„Нашиот нов играч потпиша договор кој ќе важи од летото 2023 година, станува збор за договор на три години. Ако можеме да се договориме со неговиот клуб тогаш би можел да ни се приклучи и уште во летото со што така би поминал четири години тука“, изјави Сервас.

За такво нешто Сервас проценува дека шасните се 50-50. Во јавноста се шпекулира дека станува збор за ракометарот на ПСЖ и репрезентативец на Холандија, Лук Стеинс.