Сервас е минато за полскиот шампион – Келце го смени името по 22 пат!

Досегашниот претседател на полскиот шампион Келце, Бертус Сервас, по 21 година на кормилото замина од клубот.

Келце комплетно ќе биде под капата на компанијата Индустрија Келце, која сега е сопственик на сите акции во клубот.

Toa значи дека Келце ќе ја има и додавката „Индустрија“, а ова е 22 пат во клупската историја клубот да го менува името поради спонзорите.

На местото на Сервас, доаѓа Магдалена Счукиевич, додека нов вице претседател е Павел Папај, поранешниот маркетинг директор.

Финансиските проблеми на Келце очигледно веќе се минато, па клубот ќе „плива“ во мирни води во иднина.

Првиот натпревар со новото име Индустрија Келце, тимот ќе го игра денеска против Забже, а ќе биде и еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.

1965-1973 – Искра Келце
1973-1991 – Корона Келце
1991-1994 – Искра Келце
1994-1996 – Искра Цересит Келце
1996-1998 – Искра Келце
1998-1999 – Искра Лидер Маркет Келце
2000-2001 – Стрелец Лидер Маркет Келце
2001-2002 – Колпортер Лидер Маркет Келце
2002-2002 – Колпортер Келце
2002-2009 – Виве Келце
2009-2014 – Виве Тарги Келце
2014-2017 – Виве Таурон Келце
2017-2020 – ПГЕ Виве Келце
2020 – ПГЕ Келце
2020 – КС Келце
2020-2022 – Ломза Виве Келце
2022 – Ломза Индустрија Келце
2023 – Индустрија Келце
2023 – Барлинек Индустрија Келце
2023 – КС Келце
2023 – Индустрија Келце