Сениорките почнаа со мисијата „Словенија“ – двомечот ќе биде нов филтер пред ЕП (ФОТО)

Сениорките денеска го имаа првиот собир и со вечерниот тренинг ќе ги стартуваат подготовките за двомечот од ЕХФ Евро Купот со Словенија.

Селекторот Љубомир Савевски ќе смета на 20 ракометарки за дуелите во Целје и Скопје, откако од списокот отпадна левиот бек Марија Штериова поради повреда.

Голманката Марија Јовановска поради болест исто така нема да биде на овој собир, а дополнителен повик доби голманката на Деспина, Матеа Чурлиновска.

Како и на претходниот двомеч со Црна Гора, Савевски има микс тим составен од интернационалки и кадетки, односно младинки кои настапуваат на домашна сцена Првиот натпревар меѓу Македонија и Словенија се игра во Целје на 3 март од 18:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 6 март од 18:30 часот.